KOOFRA – Koordinierungsstelle gegen Frauenhandel e.V. Hamburg
 +49-(0)40–67999757

Infos in 35 Sprachen

 
<

.

...

>
 

Информации за трговија со луѓе заради сексуална експлоатација во Хамбург

Принудени сте на проституција

Имате неподносливи/лоши услови за работа при вршење на проституцијата

Не можете слободно да изберете:

  • кои клиенти ќе ги прифатите
  • кои сексуални услуги ќе ги понудите
  • која цена ќе ја наплатите

Не смеете да ги задржите вашите пари Познавате лице на кое му е потребна помош Потребни ви се информации

Јавете ни се.

Советувањето е доверливо.

Ние не правиме ништо без ваша согласност.


www.koofra.de

е-пошта: info@koofra.de

телефон: +49-(0)40 – 67 999 757

понеделник до четврток: 11.00 – 17.00 ч. петок: 11:00 – 14.00 ч.

Ако не сме тука: оставете ваш телефонски број и порака на вашиот јазик на телефонската секретарка.


ЕкСПлоАтАцИЈА во ПроСтИтуцИЈАтА

Еве неколку примери:

  • Принудени сте да ги прифатите сите клиенти
  • Не смеете да ги одбивате сексуалните желби на клиентите
  • Принудени сте да работите без заштита/кондом
  • одземен ви е пасошот или патните исправи
  • Не смеете слободно да се движите или ве контролираат
  • Не смеете сами да ја утврдите цената
  • Не добивате паузи или слободен ден
  • ве злоупотребуваат, ви се закануваат или ве уценуваат
  • Некој ве става под притисок поради долгови
  • Морате (речиси) сите приходи да ги предадете
  • ви се закануваат, бидејќи немате работна дозвола или сте без документи
  • Не смеете да одите на лекар кога сте болни

ова може да е трговија со луѓе.

Дури и ако претходно сте се согласиле.

KOOFRA МожЕ ДА ПоМогНЕ!

KOOFRA

  • ги поддржува жртвите на трговија со луѓе
  • е независна
  • советува и информира Имате право на поддршка и помош!
  • Ние ве советуваме
  • разговорите се анонимни/доверливи
  • Ние не ги пренесуваме информациите понатаму
  • Нашите соработници и самите доаѓаат од земјата од која потекнувате или го говорат вашиот јазик

Што нуди KOOFRA?

  • Посредување при: сместување, медицинско згрижување, надоместоци за издршка, бесплатна правна помош
  • Придружба во служби и установи
  • Поддршка при регулирање на пасошки процедури
  • На барање: придружба во полиција
  • На барање: помош за враќање
  • И многу повеќе