KOOFRA – Koordinierungsstelle gegen Frauenhandel e.V. Hamburg
 +49-(0)40–67999757

Infos in 35 Sprachen

 
<

.

...

>
 

Информации за трговија со луѓе заради трудова експлоатација во Хамбург

  • Вашите услови за работа се неподносливи/неприфатливи
  • Ве уценуваат и мора да вршите работи кои не сакате да ги правите
  • Не добивате плата или добивате премала плата
  • Мора да работите многу подолго од другите
  • Познавате лице на кое му е потребна помош
  • Потребни ви се информации

Јавете ни се.

Советувањето е доверливо.

Ние не правиме ништо без ваша согласност.


www.koofra.de

е-пошта: info@koofra.de

телефон: +49-(0)40 – 67 999 757

понеделник до четврток: 11.00 – 17.00 ч. петок: 11:00 – 14.00 ч.

Ако не сме тука: оставете ваш телефонски број и порака на вашиот јазик на телефонската секретарка.


ЕкСПлоАтАцИЈА ПрИ рАботА

Еве неколку примери:

  • Принудени сте да вршите опасни работи
  • Не добивате заштитна облека при работа
  • одземен ви е пасошот или патните исправи
  • Вашиот работодавец ве става под притисок поради долгови
  • За вашата работа не добивате плата или добивате премала плата
  • Ве злоупотребуваат, ви се закануваат или ве уценуваат
  • Ви се закануваат, бидејќи немате работна дозвола или сте без документи
  • Не добивате одмор/слободен ден
  • Не смеете да одите на лекар кога сте болни
  • Не смеете слободно да се движите и работодавецот или некој друг ве контролира

ова може да е трговија со луѓе.

Дури и ако претходно сте се согласиле.

KOOFRA МожЕ ДА ПоМогНЕ!

KOOFRA:

  • ги поддржува жртвите на трговија со луѓе
  • е независна
  • советува и информира Имате право на поддршка и помош!
  • Ние ве советуваме
  • разговорите се анонимни/доверливи
  • Ние не ги пренесуваме информациите понатаму
  • Нашите соработници и самите доаѓаат од земјата од која потекнувате или го говорат вашиот јазик

Што нуди KOOFRA?

  • Посредување при: сместување, медицинско згрижување, надоместоци за издршка, бесплатна правна помош
  • Придружба во служби и установи
  • Поддршка при регулирање на пасошки процедури
  • На барање: придружба во полиција
  • На барање: помош за враќање
  • И многу повеќе